ВИДЕО: Наместено Лото извлекување во Србија?!

Милиони гледачи вечерва беа сведоци на сомнително извлекување на броевите во играта на среќа Лото, на Државната лотарија на Србија! Се работи за 59. коло, кое вечерва предизвика сомнеж дека се работи за наместено извлекување!

Гледачите со свои очи можеа да видат во директен пренос како на екранот излегува бројот кој сеуште не е извлечен од бубањот. Конкретно, после првите три броја, извлечен е и бројот 27, но на екранот се појави и бројот 21, кој е извлечен како петти во низа.

Тоа не било се. Дополнителна причина за сомнеж дека ова извлекување не е целосно регуларно, дава и однесувањето на водителката која цело време беше збунета и не успеа да влезе во трага на редоследот по кој броевите се извлечени.

Најдобро е да погледнете и да процените сами...



 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега