Легендарниот фолкер гради куќа од милион евра!

Популарниот пејач Шабан Шаулиќ и неговата сопруга Гордана одлучија од станот во Врачар да се преселат во куќата на Дедиње, чија изградба е при крајот, а чини милион евра.

-Мајсторите секојдневно работат и за некој месец куќата ќе биде целосно наместена. Остана уште да се постави нова капија, да се варосаат сите соби и да се стави мебелот кој го нарачаа од странство. За новата куќа дадени се милион евра, плус платени се десетина илјади евра за мебелот кој е дизајниран по желба на Гоца. Во вилата ќе живеат Шабан и Гоца, а Михајло понекогаш ќе престојува таму, а понекогаш во станот кој му го купија родителите пред неколку години, изјави извор близок на пејачот.

-Вилата има четири спални соби, три тоалети, две кујни, голема дневна соба и подрум. Има голем двор во кој сега се копа базен, а позади куќата е изградена фонтана, како и голем летниковец. Инаку вилата се наоѓа во најелитниот дел на Дедиње, кој со години важи за многу мирен крај, што на семејството Шаулиќ му е навистина важно, заклучи тој.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега