„Не е можно Василка и тоа мило детенце да се мртви" - потресно сведоштво за големата трагедија кај Градско

Најблиските и соседите на Василка и четиригодишниот Милан кои загинаа во страшна сообраќајка пред наплатната станица кај Градско, не можат да се помират со трагедијата. 

- Зарем загинаа Василка и 4-годишниот Миланчо? Не, не верувам во тоа...Тоа мило детенце и неговата мајка не може да се мртви...вака со солзи во очите за Дневник сведочат соседите на трагично загинатите во страотната несреќа која се случи завчера. 

Инаку, Василка и нејзиниот сопруг имале само едно дете. Таа била невработена, а тој работел во приватна фирма.

За потсетување, несреќата се случи завчера а десната страна од автомобилот Мазда е целосно смачкана откако се судри со камион. Тие се враќале од Дојран каде биле на продолжен викенд. На лице место починаа мајката и детето. Семејствата и најблиските се завиени во болка и тага.

Погребот е закажан за денеска. 

 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега