Реал Мадрид го купува Агуеро за 90 милиони евра?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид подготвил 90 милиони евра за трансфер на Серхио Агуеро од Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу’’, пишува денешното издание на шпанскиот спортски весник „Мундо Депортиво’’.

Агуеро е цел на претседателот на Реал, Флорентино Перез веќе неколку години, уште од времето кога го носеше дресот на градскиот ривал Атлетико, па како што пишува весникот, Перез конечно се решил да нарави конкретен потег.

За остварување на целта, претседателот на Реал ќе мора да се откаже од услугите на еден од сегашните напаѓачи, а според проценките, најблиску до тоа е Велшанецот Герет Бејл, кој изрази желба да се врати во англиската Премиер лига.

Инаку, Агуеро сезонава е најдобриот стрелец во фудбалско првенство на Англија со постигнати 26 голови, а во својата статистика има и уште шест гола од останатите натпреварувања во кои настапуваше Манчестер Сити.

Аргентинецот во редовите на Манчестер Сити дојде летото 2011 година, а со популарните „Граѓани’’ освои две титули во Премиер лигата и по еден Лига Куп и „Комјунити шилд’’ куп.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега