Стојков се врати во Вардар

 

Ацо Стојков е нов член на македонскиот фудбалски шампион Вардар. Тој следните три  години ќе го носи дресот на „црвено-црниот“ тим, каде што се враќа по пауза од година и пол.

Стојков доаѓа од екипата на Скендербег со која сезонава го освои шампионскиот пехар во албанското првенство. 

Додека беше дел од Вардар, Стојков настапи на 27 натпревари и постигна 17 голови, а и помогна на екипата да дојде до седмата шампионска титула во сезоната 2012/13. 

Стојков е поранешен репрезентативец на Македонија за која има одиграно 43 натпревари. Тој е првото засилување на Вардар за новата сезона во која екипата ја очекуваат квалификации за Лигата на шампионите и одбрана на шампионскиот трофеј како и атак на пехарот во Купот

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега