Може ли да постои Либерланд?

Б 92 - Белград

На седум квадратни километри територија која се наоѓа меѓу Србија и Хрватска чешкиот државјанин Вид Једличек основал сопствена држава, Либерланд. 

Тој својата држава ја опишал како место со минимално влијание на данокот и регулативите на животот на човекот, со мотото „Живеј и пушти да живеат“.

Порталот Верџ наведе дека Либерланд е чудна либертаријанска творба со минимални до непостоечки структури на власт, чии јавни служби би требало да постојат на стриктно волонтерска основа, што оваа држава ја прави либертаријански рај.

Во конвенцијата од Монтевидео, која ја потпишаа САД во 1933 година, наведени се теории на државноста и поставени се стандарди дека секоја држава мора да има население, територија и политичка власт.

- Сето тоа го имаме, имаме територија, имаме население. Ние се грижиме за своето место на дневна база и подготвени сме да изградиме нова држава тука, истакна Једличек.

Либерланд ја основа 31 годишниот чешки политичар, регионален лидер на партијата Слободни граѓани, која на тамошната јавност и е познат како критичар на Европската унија.

- Целта на основачот на новата држава е да создаде држава каде чесни луѓе можат да живеат без притисок на влада, која нивниот живот може да го направи непријатен со непотребни рестрикции и даноци, се наведува во основачкиот акт на Либерланд.

Верџ како значаен факт во разбирањето на состојбата наведе дека Једличек всушност не основал држава, туку само нејзин веб сајт, повикувајќи се на група чешки новинари кои ја посетиле територијата на Либерланд, но не можеле да влезат, со наводи дека знамето на новооснованата држава е тргнато.

Исто така,се истакнува дека Либерланд не е држава бидјќи хрватската гранична полиција сеуште има ингеренции над таа територија, иако Хрватска не ги смета тие седум квадратни километри за свои.

- Не ја сметаме за држава, ги сметаме за виртуелни престапници и нивните тврдења не ги сфаќаме сериозно, изјавија за Фокс њуз претставници на Амбасадата на Хрватска во Њујорк.

Според зборовите на основачот на Либерланд, до сега околу 250.000 луѓе поднеле барање за добивање државјанство.

- Навистина се чувствуваме загрозено и под притисок. Навистина сметаме дека на Европа и треба даночен рај. Ни треба место каде луѓето ќе можат да напредуваат, истакна Једличек.

Професорот по меѓународно право од Њујорк Лојд Бонфилд наведе дека територијата на која е основана Либерланд веројатно е веќе под патронат на некоја друга држава.

- Ако таа територија не е хрватска, тогаш е југословенска, а Србија е наследник на Југославија, истакна Бонфилд.

Идејата на Једличек е видена и претходно, во 1967 година настанала Силанд, на запуштена нафтена платформа близу брегот на Англија, никогаш не била прифатена како држава, но има свое знаме, фудбалски тим и двајца жители.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега