Милан сака да го врати Ибрахимовиќ!

Италијанските медиуми денеска пишуваат за можно сензационално враќање на Златан Ибрахимовиќ во Милано.

Тамошните медиуми објавија дека Адриано Галијани имал средба со менаџерот Мино Рајола, на која разговарале за некои други фудбалери, но станало збор и за Златан Ибрахимовиќ.

Како што е познато, Ибра влезе во конфликт речиси со цела Франција откако оваа држава по поразот од Бордо ја нарече п*срана и дека не заслужува тим каков што е ПСЖ.

Веднаш почнаа шпекулациите дека тој ќе замине од Париз, а Ливерпул се појави како нејсериозна следна дестинација.

Милан изразил желба да го врати шведскиот интернационалец, но тука има еден голем проблем. „Росонерите“ не можат да си дозволат да му плаќаат 14 милиони евра по сезона на  Ибрахимовиќ, сума која ја прима во моментов во францускиот тим.

Сепак, стратегијата на Милан, според италијанските медиуми, е да му понуди на Ибра 5 милиони евра по сезона до крајот на неговата кариера, а неговиот менаџер да среди раскин на договорот со ПСЖ на сметка на клубот со што фудбалерот би добил одредена сума како компензација.

Така, Ибра би прифатил далеку помала плата во Милан, каде би играл уште барем две сезони, а потоа би се повлекол од фудбалот.

 

Златан Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 34 години, што значи дека е во залезот на кариерата, а договорот со ПСЖ му истекува во јуни 2016-та година.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега