ФИФА потврди: СП во Катар ќе се игра во ноември и декември

Светското фудбалско првенство 2022. година во Катар ќе се игра во ноември и декември, потврди ФИФА.

Портпаролот на ФИФА Валтер де Грегорио изјави во Цирих дека првенството во Катар ќе се одржи во 28 дена во текот на ноември и декември 2022 година, а финалето ќе биде на 18-ти декември во Доха, на денот кога Катар го слави Денот на државноста.

Одлуката ја донесе Извршниот одбор на ФИФА во Цирих, на препорака на специјална Работна група која утврди дека поради жештината во текот на летните месеци во Катар, единствено прифатливо решение е одигрување на светското првенство во зимските месеци

Оваа одлука ќе наиде на големо противење од страна на европските фудбалски сојузи бидејќи националните првенства во сите лиги ќе мора да се прекинат во текот на ноември и декември.

Следното светско првенство ќе се одигра во 2018. година во Русија.

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега