Груевски: Државниот врв, други политичари и јавни личности се целта на прислушувањето
Државниот врв во Република Македонија и други политичари и јавни личности се целта на прислушувањето, оцени премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Пласница, пренесува МИА.
- Видовме што се како креирани материјали се лиферуваат во јавноста и била очигледна намерата токму тоа да биде направено со цел да се создаде лажна слика преку извадоци од разговори и креирани разговори. На тој начин сака да се создаде слика за тоа што не е, да се компромитираат луѓе и да се прикажат дека се поинакви од тоа што се, но и да се заборават нивните дела и работа и тоа што го направиле, рече премиерот Груевски.
На тој начин, нагласи, сакаат да се заборават реконструкциите на болниците, изградбата на автопатиштата, градбата на другите патишта, зголемувањето на пензиите и социјалната помош, субвенциите што им се даваат на земјоделците...
- Со еден збор сакаат народот да заборави се што се вложувало во овие девет години и само да се фокусира на делови од креирани разговори врз основа на кои Заев смета дека ќе биде избран и дека ќе дојде на власт што секако нема да се случи, потенцира Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа