Медиумите на СОРОС молчат за изјавата на Хаџиристески

Вистински молк владее во опозициските медиуми откако поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџиристески во изјава за Курир потврди дека никогаш не му се заканувал ниту еден политичар.

Иако тие со низа текстови ги коментираат разговорите кои Зоран Заев ги пласира како бомби, оваа изјава на Хаџиристески буквално ги замолкна.

„Никаква закана од ниеден политичар немам добиено во целото мое работење во ФФМ. Дали разговорите се вистинити ќе се докаже во институциите на државата. Јас претходно не сум имал закани ,не сум имал побарувања за карти бидејќи гратисите ни беа одредени преку одлука на Управен одбор . Така гратиси добиваа и во парламент и во Влада и во амбасадите како и поранешни спортисти, репрезентативци, селектори. Дополнително ако имало некакво барање сигурно дека ќе сме излезеле во пресрет. Јас на тој момент воопшто не се сеќавам бидејќи бил далеку. Има поминато многу време и многу натпревари, а закани и притосици сум немал никакви. Според она што што не сум имал никакви закани можам да кажам дека се сомневам во веродостојноста на материјалите што ги пласираат од СДСМ, рече вчера тој во изјава за Курир.

Оваа изјава не се најде на ниту еден од соросовите медиуми. 

 

 

Оцени ја веста

08.03.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега