Металург доби тројца нови ракометари

На истекот на преодниот рок Металург ангажираше тројца нови ракометари, информираат од таборот на тимот од Автокоманда.

Станува збор за Дамир Ефендиќ (25) кој игра на позиција голман, а доаѓа од екипата на Босна од Сараево. Договорот со Ефендиќ е потпишан до јуни 2015, со можност за продолжување на соработката.

Потоа Ѓорѓе Голубовиќ (23) кој игра на позициите десен бек и десно крило, а доаѓа од екипата на Хихон од Шпанија. Во мсвојата кариера Голубовиќ настапувал и за екипите на Партизан, Адемар Леон, Чургу и Хихон. И неговиот договор е потпишан до јуни 2015, со можност за продолжување на соработката.

Третиот нов играч е Драган Вргоч (24) кој игра на позиција пикер, а доаѓа од екипата на Атлас од првенството на Финска. Во својата кариера настапувал и за екипата на Сплит. И овој договор е потпишан до јуни 2015, со можност за продолжување на соработката.

По добивањето на лиценцата в понеделник, нови ракометари ќе му бидат на располагање на Лино Червар.

 

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега