Донација од Горанското друштво за поплавените подрачја

Членови на Горанското друштво во Македонија донираа пари, облека, храна, вода, хигиенски средства и други продукти за населението од поплавените региони во државава.

Канцеларијата на Горанското друштво денеска соопшти дека собраните средства ќе бидат предадени во пунктот на Црвениот крст на Град Скопје.

- Со оваа акција, сакаме да ја покажаме нашата искрена желба за помош во тешките моменти на нашите сограѓани при соочувањето со последиците од поплавите, соопшти Горанското друштво во РМ.

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега