Според католичкиот календар денеска се слави Валентин

Тој бил свештеник во Рим кој се истакнувал со мудрост и свет живот. Поради тоа уживал голем углед. Римскиот цар Клаудиј Втори побарал од Валентин да се одрекне од верата во Христос и да и се врати на верата во римските богови.

Валентин му одговорил: "Кога би знаел кој е вистинскиот Господ, никогаш нема да го побараш тоа од мене. За мене Христос е вистинскиот Син Божји". Кога еден од паганските судии го прашал, што мисли за римските богови, тој одговорил: "Тие се демони!". Поради тоа во 269 година му била отсечена главата.

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега