Ќе одат ли мажите во пензија на 61 а жените на 59 години?

Жените да може предвреме да се пензионираат на 59, а мажите на 61 година, а трошокот за надоместокот што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери да падне на товар на работодавците. Вакви законски измени се спремаат и се чекаат конечните пресметки од Фондот за пензиско за тоа колку би изнесувал надоместокот што би го плаќале работодавците. Првично за ваквата идеја има согласност и од бизнис-заедницата и од синдикатот, а само се чека на официјалните предлог-измени во законот кои ќе ги понудат социјалните партнери до Министерството за труд.

Иницијативата потекнувала од бизнисмените кои извесен период барале начин како да го подмладат работниот кадар. Со ваквите измени кои нема да имаат никакви финансиски импликации врз државата, ќе се даде можност на работодавците да го подобрат работниот процес а и да се згрижат работниците на кои годините и здравствената состојба не им дозволуваат до крај да ги исполнат работните задачи што се бараат од нив.

Сепак, информациите велат дека оваа измена во Законот, се уште е на ниво на идеја и дека допрва треба да се разгледаат можностите за имплементација.

 

 

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега