Хуманитарен концерт во Виена за поплавените во Македонија

Во знак на солидарност со настраданите од поплавите, коишто зафатија делови од Македонија, црковниот управен одбор на Македонската православна црковна општина „Свети Наум Охридски” од Виена, на редовен состанок кој се одржа на 5-ти февруари едногласно одлучи да донира 1.000 евра еднократна помош, како и да организира химанитарен концерт во сабота, 21-ви февруари со почеток во 19 часот.

Собраните средства да бидат донирани на Црвениот Крст на Република Македонија.

На Хуманитарниот концертот ќе учествуваат естрадните уметници, Сончица Ванева, Павле Кајмакоски со музичарите Перо Бели и Филип Петкоски, како и свој настап ќе имаат и нашите играорци од КУД „Македонка” Виена.

Апелот како што нагласи заменик секретарот на  МПЦО „Свети Наум Охридски” Роберт Петрески  е „Да се собереме во што поголем број и да им помогнеме на нашите браќа и сестри во поплавените региони!“

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега