Арт базар за празникот на виното и љубовта

По повод празниците Свети Трифун и Свети Валентин денеска и утре на Скопски саем ќе се одржи првиот Арт базар - Дизајн со љубов.  

Настанот го организираат Скопски саем, Занаетчиска комора на Скопје и Македонската артизанска трговска асоцијација (МАТА). 

Учествуваат автори на рачни изработки, креативци кои дизајнираат со љубов и создаваат широк спектар рачно изработени предмети од најразлични материјали, сребро (филигран), срма, дрво, стакло, восок, текстил, глина, бакар и друг вид на материјали за изработка на креативни дела.

Арт базар - Дизајн со љубов ќе има промотивен и продажен карактер и отворен е за широка публика. Влезот е слободен, а ќе биде отворен денеска од 12 до 19 часот, а утре од 11 до 19 часот. 

Во рамките на Aрт базарот ќе има индивидуални презентации со цел овој вид уметност да се доближи и до пошироката публика. 

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега