ВРЕМЕ: Последниот работен ден носи сонце и студ

Петок ќе биде сончев и малку потопол ден. Повторно сосема слаб северен ветер ќе дува и тоа во првата половина од денот. Попладнето речиси и ќе нема ветер, додека вечерта се очекува слаб југоисточен ветер.

 

Минималната температура ќе има вредност околу -5°С низ поголем дел од населените места, a минимална до 3°С се очекува во Гевгелиско - Дојранскиот крај. На повисоките места минималната ќе се „спушти“ до околу -11°С.

 

 

 

 

 

Максималната температура ќе има вредност околу 8°С низ котлините во земјава. Во јужниот дел на земјава максималната ќе достигне вредност околу 11°С. На повисоките места ќе биде малку потопло, со позитивна максимална температура која нема да надмине 4°С. 

 

Во скопската котлина  се очекува сончево време. Минималната температура ќе има вредност околу -5°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 8°С.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега