Ачковска: Сакаме единство на македонскиот народ, однесувањето на Заев е неодговорно

Иницијаторите за граѓанското движење за одбрана на Македонија започнаа со своите трибини ширум земјава, каде ќе се сретнат со огромен број на граѓани, од коишто изминативе денови ја добија максималната поддршка.

Во вестите на Сител гостуваше универзитетската професорка Виолета Ачковска, која е еден од иницијаторите на ова движење и која прва ја испрати пораката дека националните интереси треба секому да му бидат пред се.

-Целта на трибините е да го чуеме мислењето на граѓаните и да одговориме на дилемите и прашањата на граѓаните, бидејќи има интелектуалци кои се запознаени со современите случување. Дојдовме од Велес на повик на група граѓани, а имаме и од Радовиш, Струмица, Охрид, Битола. Тргнува караван на Движењето за одбрана на Македонија, истакна Ачковска.

Професорката истакна дека е жално за Македонија седум години да нема добра конструктивна  опозиција која ќе дададе придонес за развој на  земјата.

-Ова е срамен чин да се дојде на власт, не со програма, не со конструктивни предлози и борба во парламентот со идеи, туку со низок начин да и се нанесе штета на државата, опозицијата во никој случај не може да дојде на власт. И нанесе удар на демократијата на Македонија и македонското општество и меѓународен углед, рече таа.

Ачковска истакна дека Здружението се соочило со многу невкусни коментари од кого ја бранат Македонија и истакна дека ја бранат од оние од надвор кои се вмешуваат со евтини трикови, се борат за одбрана на интегритетот, името и сите дмократски принципи на кои не учела Европа.

-Тоа важи за секоја партија, сакаме единство на македонскиот народ и порака дека партиите не се важни, дека партиите се менуваат, а Македонија треба да остане на нас и нашите поколенија, заклучи Ачковска.

Таа за крај изјави дека граѓаните треба да го кренат својот глас против неодговорното однесување на лидерот на опозицијата.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега