Попоски се сретна со новоименуваниот амбасадор на САД во Македонија, Џес Бејли

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денес го прими новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли, кој му ги предаде копиите на акредитивните писма за неговото именување.

Соговорниците, како што известуваат од МНР,  изразиле задоволство од исклучително успешниот досегашен развој на односите меѓу двете држави, базирани на традиционално пријателство и сојузништво, согласно билатералната Декларација за стратегиско партнерство и соработка, потпишана во мај 2008 година.

При тоа, взаемно беше истакнат интересот за натамошното сèвкупно продлабочување и унапредување на билатералната соработка во повеќе области од заемен интерес, особено на економски план и привлекување на нови директни американски инвестиции во Република Македонија.

- На амбасадорот Бејли му беа пренесени заложбите кои Владата на Република Македонија и нејзините институции ги прават во насока на интегрирање на земјата во полноправно членство во НАТО и во Европската Унија. Беше посебно нагласено дека членството на нашата држава во овие структури останува врвен приоритет на надворешната политика на македонската Влада, се вели во соопштението од МНР.

Во рамките на успешната соработка со САД на одбранбен план, министерот Попоски ја подвлече подготвеноста за натамошна соработка, како континуитет на досегашниот придонес на Република Македонија во меѓународните мировни мисии.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега