Г.Г. Стефан на литургија во Прилеп по повод „Св.три ерарси“

Во прилепската црква „Свето Благовештение“, денеска поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан во сослужение на владиците Иларион и Климент, служеше света златоустова литургија по повод празникот „Свети три светители“, а присуствуваше и на одбележувањето на Денот на бакалите.

- Во Прилеп веќе е традиционалната прославата на празникот на тројцата светители: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Злартоуст. Денеска им се оддава почит на тројцата светители кои Црквата и поодделно ги празнува, но бидејќи меѓу христијаните на Исток се појавиле расправии кој од нив е поголем, Црквата одлучила денешниот ден да им го посвети на тројцата светители, изјави г.г. Стефан.

Според архиепископот охридски и македонски, празникот има посебна традиција на славење.

- Во Прилеп се слави посебно, традиционално, заедно со бакалите, со народот и верниците. Затоа честит нека им е празникот на сите што го слават како именден, како домашен празник, а посебно на бакалите кои имаат долга традиција на прослава, рече г.г Стефан.

Според прилепските бакали, кои денска седнаа на заедничка маса за прослава на празникот заедно со поглаварот на МПЦ, празникот единствено на овој начин се прославува во Прилеп веќе 60-тина години.

- Бакалите ја пренесуваат трговската традиција во Прилеп долга со векови. Посебно празникот се прославува од 1954 година до денес. Прво се славел на 26 ноември. Порано потешко, поскришно се славел Денот на Бакалите, сега е весело. Во педесеттите години од минатиот век имало 25 бакали, денеска се повеќе од 300. Во Прилеп е оваа е најмасовна прослава на еснафот. Празникот „Свети три светители“ е симболичен зашто тројцата го слават заеднички како што тоа го прават бакалите, вели бакалот Кире Крстески.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески е иден кум на еснафот и смета дека оваа традиција е значајна за градот.

- Бакалскиот еснаф е дел од економската слика на Прилеп и одржувањето на традицијата е битна за градот од културолошки, но и од економски аспект, посочи Ристески. 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега