ФОТО: Вака изгледаат поплавените подрачја во пелагониско

Земјоделските површини околу Црна Река во пелагониско се поплавени.

Поплавени се и селата Тројкрсти и Лознани.Црна Река пробива, а поради најавите за нови врнежи на терен се надлежните екипи каде како превентивна заштита од ново излевање се прават насипи со поставување на 10.000 вреќи.

povrsini1-500

Ангажирани се припадници на АРМ, јавните претпријатија,а помош е понудена и од општините Прилеп и Битола.

povrsini6-500

povrsini2-500

Поплавени подрачја има и во источниот дел на Македонија каде се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количина на вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип.

povrsini5-500

Црвен крст соопшти дека согласно направената проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (срeдства за дезинфекција). Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, со адреса ул.Момин Поток бб, телефон за контакт: 3114 - 355).

Граѓаните пак може да помогнат со донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

 

povrsini-500

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега