Ставрески: Општина Новаци добро организирана и се справува со последиците од невремето
Општина Новаци е добро организирана и успешно се справи со предизвиците од невремето, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на поплавените подрачја од пелагонискиот регион.
Теренската посета на општина Новаци, како што рече, покажа дека последиците од невремето и обилните врнежи најмногу се чувствуваат во полето заради прелевање на водите. Но, добрата организација на Општината, градоначалникот и неговата екипа, кризниот штаб, сите структури, како и жителите на општината, минимизирани се ризиците по животот на граѓаните, имотот, добитокот и слично.
Порача дека добро е и понатаму организацијата да биде на највисоко ниво, а ако е потребно, поддршка да се побара и од војската и полицијата за и понатму да се контролира состојбата на терен.
Изрази верување дека Општината успешно ќе се справи со овие предизвици.
За време на денешниот престој во Пелагонија, министерот Ставревски посети и повеќе населени места во општина Могила која, исто така, е погодена од невремето и посебно во атарите на неколку села што се наоѓаат долж течението на реката Црна.
- Во општина Могила состојбата е прилично сериозна, а во неколку населени места, водата освен во нивите е и до куќите, а некои од нив се поплавени. Има материјална штета и потребно е на терен да се ангажира механизација и потребно е да се вложат дополнителни напори за да се спречат поголеми последици, нагласи Ставревски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа