Спасена од поплава најблиската куќа до „ѓољот“ во Богородица

Булдожер ангажиран од локалната самоуправа во Гевгелија, денеска интервенто расчисти терен и направи насип со кој беше спасена од поплавување најблиската куќа до „ѓољот“ во село Богородица.

Интервенцијата се случи по посетата на загрозеното подрачје од страна на гевгелискиот градоначалник Иван Франгов, кој најави дека по повлекувањето на водата ќе следи целосно расчистување на каналот по кој излеаната вода од реката Вардар го полни „ѓољот“ кај Богородица. Локалните жители велат дека толку многу вода во месноста „Мирата“ немало со децении наназад.

Инаку, последниот бран врнежи не предизвика поголеми проблеми на подрачјето на општина Гевгелија каде општинскиот штаб за заштита и спасување воведе дежурства за постојано следење на состојбата. 

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега