СП ракомет: Катар го совлада Бразил

Домаќинот Катар со победа над Бразил од 28:23 (полувреме 15:12) го отвори 24. Светско ракометно првенство. Најзаслужен за победата беше голманот Даниел Шариќ кој имаше 22 одбрани.

Катарците кои имаат богат интернационален состав, од клупата предводен од Валерио Ривера, уште од почетокот го диктираа темпото и веќе по 20 минути игра стигна до предност од 13:7. Сепак до крајот на полувремето Бразил со серија од 5:1 успеа да фати резултатски приклучок.

На стартот од вториот дел Бразилците намалија на два гола негатива (16:14), но во продолжение на мечот домашните ракометари повторно ја вратија предноста од пет гола (21:16). И покрај негативата Бразилците не се предаваа одговорија со четири гола во серија (21:20), но повеќе и немаа сили за да направат целосен пресврт. 

Покрај Шариќ значаен придонес во победата на Катар имаше и Жарко Марковиќ со шест погодоци.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега