Српска пејачка тагува по својата ќерка - се надевам дека ќе ја добијам и оваа војна

Српската пејачка Ивана или позната како Синди стана модна дизајнерка. Синди оваа година, имаше доста тежок период, со оглед на тоа дека го изгуби старателството над нејзината ќерка Петра, па еве што очекува од Новата година

- Во новата година немам друга желба освен да ми се врати ќерката. Таа сѐ уште не знае дека судот му го додели старателството на татко и и пати што не е со мене. И објаснив дека во моментов имам многу обврски и дека поради тоа не можам да и се посветам и дека тоа е причината поради која мене поретко ме гледа, на час или два. Засега тоа поминува и ми верува, иако е многу тажна. Едвај чекам да продолжи судската војна, изјавила Синди

Мислам дека се е на моја страна и искрено се надевам и сакам да верувам дека сѐ ќе биде како што треба и дека јас и Петра ќе можеме да го продолжиме животот заедно.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега