Која е всушност Еги?

 

Дебитантката Евгенија Чанчалова- Еги во август победи на 21. по ред "Охрид фест-Охридски трубадури" во Охрид, авчеа беше тртопласирана на Скопскиот фестивал освојувајќи ја наградата о 5.000 евра.

 

Евгенија Чанчалова-Еги од Куманово, за прв пат се појави на изборот на ѕвезда на "М2" во 2011 година. Ја испеа песната "Моето маало" од Дарко Димитров, која подоцна ја препеа Елена Ристеска, која е текстописец на песната, заедно со ДНК. 

 

Еги лани победи на талент шоуто на МТВ "Сите наши песни". Ја оценуваа познати македонски музичари, актери и уметници кои секоја недела се менуваа во жирито. Со песни од Григор Копров пееше летово на фестивалите "Белградска пролет" и "Сунчане скале". 

 

"Го сакам блузот и соулот, таква ми е бојата на гласот. Овде добив класична, фестивалска песна, нетипична за мене. Песната е прекрасна и мислам дека победив затоа што $ ја дадов вистинската емоција, и затоа се снајдов во неа. Посветена е на мојата љубов, и на сите љубови. Многу сум возбудена, и не можам да ви кажам за моите следни планови, но знам дека сакам да настапувам на фестивалите", изјави Еги по победата на "Охрид фест-Охридски трубадури".

14.11.2014 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега