Грчкиот суд ја намали пресудата на поранешниот градоначалник на Солун

Грчкиот суд денеска реши да ја намали пресудата на поранешниот градоначалник на Солун, кој беше прогласен за виновен за присвојување на 17 милиони евра од градските средства.

При обжалувањето судот во Солун ја намали доживотната пресуда на 12 години затвор за Василис Папагеоргопулос, 67-годишен поранешен шампион по спринт, кој беше градоначалник на градот во периодот од 1999-2010 година.

Имено Папагеоргопулосе во затвор од февруари 2013 и ги негира обвиненијата против него.

Судот исто така ги намали доживотните пресуди на поранешниот генерален секретар на општината Михалис Лемосиас и на поранешниот благајник на општината Панајотис Саксонис. 

14.07.2014 - 18:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега