Нема повеќе ваучери за инвертер клими: Министерството за економија примило над 9000 апликации
Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година.
Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година. Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари.
Двата јавни огласи беа објавени на веб-страната на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година.
„Во Архивата на Министерството за економија за само четири дена откако беа објавени јавните -повици пристигнати се над 9.000 апликации по Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, (директно во Архивата на Министерството за економија и по пошта), за што ја надминува проценетата бројка од над 78.000 домаќинства кои може да добијат ваучер за инвертер клима уред согласно предвидените средства“ – појаснуваат од Министерството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа