Над 70 милиони лица во светот се излекувани од коронавирус

Бројот на излекувани лица од коронавирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 70 милиони.

Од Ковид-19 досега се заразени 97.537.264 луѓе. Моментнално во светот има 25.397.668 активни случаи, од кои 99,6 отсто се полесно заболени, а 0,4 проценти потешко. Од коронавиусот починале 2.088.851 пациент.

Најмногу потврдени случаи има во САД – повеќе од 25 милиони, во Индија – над 10,6 милиони, во Бразил – повеќе од 8,6 милиони, во Русија – над 3,6 милиони и во Велика Британија – повеќе од 3,5 милиони лица.

Најголем број смртни случаи во светот се регистрирани во САД – повеќе од 400.000, потоа во Бразил над 200.000, во Индија повеќе од 150.000 и во Мексико над 140.000.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега