Close Menu
Press24
    Најново

    Внатрешна контрола ги провери полицајците по обвинувањата за сообраќајката во Скопје – МВР со детали

    27.11.2026 во 14:55

    Од 1 декември поскапува парното во Скопје, сметките растат за 188 денари

    27.11.2026 во 14:41

    Тетовчанец заработил кривична: Преку пораки со недолична содржина вознемирувал сограѓанка

    27.11.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Внатрешна контрола ги провери полицајците по обвинувањата за сообраќајката во Скопје – МВР со детали
    • Од 1 декември поскапува парното во Скопје, сметките растат за 188 денари
    • Тетовчанец заработил кривична: Преку пораки со недолична содржина вознемирувал сограѓанка
    • Скопјанка ограбена на автобуска постојка среде бел ден на Бит Пазар
    • Маж од Скопје се лизнал пред паркиран трактор, возилото се придвижило и го прегазило
    • Хорор татко од Куманово: Ја полил собата на ќерката со бензин и и се заканил дека ќе ја запали и неа со се куќата
    • Полицаец од Кисела Вода возел без положен возачки испит
    • Со нож ограбил жена во угостителски објект во Тетово, приведен 40-годишник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Внатрешна контрола ги провери полицајците по обвинувањата за сообраќајката во Скопје – МВР со детали

    Внатрешна контрола ги провери полицајците по обвинувањата за сообраќајката во Скопје – МВР со детали

    27.11.2026 во 14:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР) изврши проверки по објавен статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ од лицето М.М., со кој беа изнесени наводи за неправилности во постапувањето на полициски службеници при сообраќајна незгода во Скопје во која нејзиниот син, како пешак, се здобил со повреди.

    Како што соопшти МВР, во рамки на проверките биле извршени разговори со полициските службеници и со учесниците во незгодата, при што е утврдено дека екипата од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје по пријавата излегла на терен, ги презела потребните службени дејствија и веднаш по увидот го известила надлежниот јавен обвинител, за што е доставено и писмено известување до Основното јавно обвинителство Скопје. Во однос на наводите дека другиот учесник имал влијание врз полицијата, утврдено е дека таа на 3 ноември годинава била оштетена во друга сообраќајна незгода на која увид вршеле истите полицајци, па нивното препознавање можело да создаде впечаток за претходно познанство и влијание.

    Дополнително, преку анализа на снимки од безбедносните камери на МВР и на правно лице е утврдено дека возачот не го напуштила местото на настанот до завршување на увидот, туку по ударот само го поместила возилото од пешачкиот премин во десната сообраќајна лента на улицата „Париска“, а по комплетирањето на документацијата СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава против Н.Т. до надлежното јавно обвинителство.

    Прочитај повеќе

    Тетовчанец заработил кривична: Преку пораки со недолична содржина вознемирувал сограѓанка

    27.11.2026 во 14:34

    Скопјанка ограбена на автобуска постојка среде бел ден на Бит Пазар

    27.11.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.