Close Menu
Press24
    Најново

    Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола

    30.10.2026 во 09:15

    Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами

    30.10.2026 во 09:11

    Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура

    30.10.2026 во 09:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола
    • Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами
    • Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура
    • Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари
    • Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли
    • Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина
    • Драма во Скопје: Малолетник нападнал вработена во средно училиште
    • Инцидент во Скопје: „Удираше по возилото па ме нападна и мене”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Струга: По изборите ќе се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, еднаш засекогаш да се стави крај на криминалот

    Мицкоски од Струга: По изборите ќе се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, еднаш засекогаш да се стави крај на криминалот

    30.09.2025 во 21:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     По локалните избори имам намера да се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, затоа што мора еднаш засекогаш да се стави крај со овој перманентен бастион на криминалот. Тоа го истакна на вечерашниот митинг во Струга претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски подвлекувајќи дека СДСМ и ДУИ, како што рече, грчевито ќе се борат за спас во корумпираното судство и обвинителство.

    – Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Од месечинаta се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата стана судството и обвинителството, кое ги штитат СДСМ и ДУИ, како бели мечки. Нема ниту еден случај во институциите, кој што сме го предочиле, обезбедиле докази, а да заврши со обвинителен акт за било кој поранешен висок функционер. А случаи има колку сакате, само недостасува волја. Во судовите и обвинителствата главни се аргатите на СДСМ и ДУИ. Тоа е нивната задача да ги штитат, подвлече Мицкоски. 

    Прочитај повеќе

    „Нема повеќе маски“: СДСМ ја обвини Левица за анти-ЕУ и анти-НАТО политики

    30.10.2026 во 08:30

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.