Малолетничка со велосипед прегазена во Прилеп


Вчера во 09.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Прилеп патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(52) удрило во велосипед управуван од малолетничка, двајцата од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

01.05.2024 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега