Студено утро е регистрирано на повеќе места низ земјава. Според УХМР, најниска температура од -4 степени е измерена во Берово.
Во Битола е измерен 0 степени, додека во Демир Капија и Струмица температурите изнесувале 1 степен. Три степени се измерени во Тетово и Велес, а 4 степени во Крива Паланка, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци и Гевгелија. Во Скопје утрово се измерени 6 степени, додека во Крушево 9 степени.
И покрај студеното утро, во текот на денот следува сончево и релативно топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а максималната температура ќе се движи од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од променлив правец и максимална температура до 27 степени.

