Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукровски: Карпош е заробен од приватни интереси

    Лукровски: Карпош е заробен од приватни интереси

    26.10.2025 во 13:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во последниве денови слушаме смешни обиди за манипулација, истите луѓе кои ја водат Општина Карпош со години, сега се обидуваат да ме прикажат како дел од некакви матни приказни. Јас не ја водам Oпштината, тие ја водат. И токму таму лежи проблемот, вели Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник за општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    -Денес Карпош е заробен од истите интереси што ја претворија секоја зелена површина во градилиште, што ги исполнија улиците со прашина, а буџетот со сомнежи.

    Тие што денес глумат борци за морал се истите што потпишаа десетици спорни и нелегални ДУП-ови, со кои се уништи ликот на општината.

    Тие се луѓето кои дозволија кај булеварот 8 Септември да никне облакодер на спорна локација.

    Под нивно водство се планираат да никне огромно бетонско чудовиште кај Алумина, да никнат уште пет згради на Прашка, се планира проширување на Настел во ново издание, се турка трговски центар пред зградата на Горење и City Mall, а и нова зграда пред СЦ „Борис Трајковски“.

    И тоа е само дел од еден куп ДУП-ови се донесени „под маса“, зад грбот на граѓаните, со сериозни закани за квалитетот на живеење во Карпош.

    И сето тоа се случува додека истите луѓе измислуваат приказни за „Скопје на вода“ или „Карпош на вода“ кои се тешки глупости без ниту еден аргумент, измислици создадени само за да се плука и манипулира.

    Нема програма, нема визија, само очајнички обиди да се одвлече вниманието од вистински проблеми и сопствените дела или не дела.

    Карпош не сака повеќе празни зборови и лажни обвинувања, сака нова политика.

    Политика со јасна програма, каде што секој денар на граѓаните ќе биде видлив и оправдан.

    Јас нудам план за транспарентна и модерна општина, за чист воздух, за уреден урбан развој и крај на партиските тендери.

    И тоа не е ветување, тоа е обврска.

    Доста беше од луѓе што со години ја држат општината во раце и мислат дека сите ќе заборават што направиле.

    Карпош не е нивна приватна фирма, Карпош е на граѓаните, и така и ќе биде за многу кратко кога јас ќе бидам градоначалник, порача Лукровски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.