Лавров со повик до Азербејџанците и Ерменците: Престанете со борбите и седнете на маса да преговарате

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во телефонски разговор со шефовите на дипломатиите на Ерменија и на Азербејџан, Зограб Манкаканијан и Чејхун Бајрамов, денеска побара итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

 

– Во разговорите беше разгледана ситуацијата во зоната на конфликтот. Русија изрази сериозна загриженост во врска со континуираните борбени операции во Нагорно-Карабах. Испративме повик за итен прекин на огнот и деескалација на тензиите”, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи (МНР).

Руското МНР додава дека Лавров ја истакнал потребата двете страни под итно да се вратат на преговарачката маса.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега