Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Владата го зголеми буџетот за наука на 680 милиони денари, затворивме 14 т.н. научни приватни институти и една високообразовна установа

    Јаневска: Владата го зголеми буџетот за наука на 680 милиони денари, затворивме 14 т.н. научни приватни институти и една високообразовна установа

    27.10.2025 во 12:575 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Иднината на општеството и државата е тесно поврзана со квалитетот на високото образование и затоа е неопходно да спроведуваме акции, не само да дискутираме, туку сите заедно да учествуваме во подобрување на квалитетот на високото образование, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование што денеска го организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. 

    Целта на настанот е да се споделат досегашните активности на Универзитетот за имплементирање нов систем за следење на квалитет и постигнувања во доменот на обезбедување и унапредување на квалитетот, согласно со националните стандарди и стандардите на Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA).  Особено значајна компонента на форумот, според УКИМ, е продлабочувањето на соработката меѓу академската и бизнис-заедницата, со цел создавање поусогласен и релевантен образовен систем.

    Министерката Јаневска во изјава за медиумите нагласи дека високото образование е во фокус на Владата и, како што рече, „во овие 16 месеци направивме многу“.

    Посочи дека е зголемен буџетот за наука – од 380 милиони на 680 милиони денари и, рече, „само за три повици за универзитетите, факултетите, јавните научни установи и МАНУ вложивме 374 милиони денари за да ја развиеме и науката“. 

    Потсети и дека Владата уплати  за бесплатен пристап на нашите научници во две големи научни бази (Web of science и Scopus) и дека е зголемен мониторингот на универзитетите.

    -Затворивме 14 т.н. научни приватни институти и една високообразовна установа. Работиме на нова стратегија за образование и првпат во Македонија има сериозна посветеност и од Владата и од Универзитетот за создавање на првиот научно-технолошки парк во Македонија. Уверувам дека и понатаму остануваме партнери на универзитетите, факултетите, другите институции, за да работиме на квалитетот на вискокото образование. Активно работевме на два нови закона – за високо образование и за научно-истражувачка дејност. Но, самите закони напишани на хартија не можат да придонесат ниту за подобрување на квалитетот, ниту за поткревање на нашите универзитерти на Шангајската листа, Па, оттука, ако ги почитуваме законите, кои треба да ги донесеме заедно со академската фела, на која и тие работеа, ќе постигнеме многу повеќе од она што сега го имаме, а  што ни е цел за во иднина, истакна Јаневска.

    Како што рече, следува сериозна реформа на Агенцијата за квалитет во високото образование за која, исто така, ќе има нов закон.

    На професорите им порача „заеднички треба да ги направиме тешките реформи и во високото образование“.

    -Ги замолувам активно да се вклучат во сè – да пишуваат трудови, да помогнат во дигитализацијата, да создаваат квалитет во своите установи, да аплицираат многу на проектите од „Хоризонт“, да создаваат двојни дипломи, да се вмрежуваат, да работат во европската ареа на истражување, сè што треба да се направи – не само за да се поткренеме на Шангајската листа, тоа е помалиот ефект, за да дадеме сериозен импакт во општеството и да помогнеме на нашата држава да стигне таму каде што и е местото – да обезбеди европски стандарди и да ги прилагоди своите студиски програми за да ги подготви студентите за пазарот на трудот, истакна Јаневска. 

    Првиот годишен форум за квалитет во високото образование УКИМ го организира под мотото „УКИМ создава иднина – со квалитет до извонредност“.

    Ректорката Биљана Ангелова соопшти дека минатата година и половина многу работеле на овој процес бидејќи, рече, управувањето со квалитет на Универзитетот е една од нивните три основни стратешки цели, покрај дигитализацијата и интернационализацијата.

    -Го направивме Правилникот за управување со квалитет  на УКИМ, согласно Националниот правилник за стандради во високото образование, ја направивме Стратегијата за управување со квалитет за Универзитетот  2024-2029 и Водичот за квалитет, дополнително воведивме алатки за планирање, мониторинг и за реализација на резултатите од годишните акциски планови, и на Универзитетот и на секоја од единиците, рече Ангелова. 

    За теквната учебна 2025/2026 година, посочи таа, вовеле и нови метрики кои ќе ги следат во наредниот период – број на објавени трудови со импакт-фактор, број на аплицирани меѓународни проекти, како и број на мобилнисти – и  на студенти и на наставници, како индикатор за следење на интернационализацијата.

    -Го имаме и Годишниот акциски план за 2025 година, кој претставува практично сублимат на сите единици на УКИМ, со што покажуваме дека Универзитетот се интегрира, се менува и трансформира како единствен и интегриран, дека не сме центар и 28 единици како што вообичаено знаеме да кажеме за УКИМ, додаде Ангелова. 

    Во однос на дигитализацијата, која е една од трите стратешки цели на УКИМ, соопшти дека е при крај од реализацијата – првата фаза од процесот е завршен и компелтно се дигитализирани сервисите за студентите кој опфаќа и електрински индекс, а од почетокот на идната година ќе следува втората фаза. 

    И интернациоанализацијата напредува со добро тепмо, додаде Ангелова, посочувајќи дека е зголемен бројот на мобилности, како и на странски студенти на УКИМ – оваа година се запишале над 300. 

    За третата цел – квалитетот, ректорката смета дека треба да се зголеми бројот на објавени трудови со импакт-фактор за да се зголеми рангот, за што, рече,  се создадени предуслови со овозможениот пристап од Владата и МОН до научните бази Web of science и Scopus, а потребно е, рече, и  да се зголеми квалитетот и интензитетот на практичната настава на студентите.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.