Close Menu
Press24
    Најново

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23

    Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани

    31.10.2026 во 16:13

    Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго

    31.10.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
    • Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Економија: Дел од поскапувањето не се должи на реални трошоци, туку на напумпување цени

    Економија: Дел од поскапувањето не се должи на реални трошоци, туку на напумпување цени

    07.07.2026 во 13:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Позитивен сигнал за семејните буџети пристигна со најновите податоци за јуни, кои покажуваат благо ладење на ценовниот притисок во државата. Намалувањето на трошоците конечно се забележува кај храната и транспортот, кои со месеци ја диктираа скапотијата.

    • „Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јуни 2026 година е забележана дефлација од 0,5% на месечно ниво, што претставува позитивен сигнал за стабилизирање на цените и намалување на трошоците за живот на граѓаните. Особено е значајно што намалување на цените е регистрирано токму кај две категории кои имаат најголемо влијание врз семејните буџети – храната и безалкохолните пијалаци, каде трошоците се намалени за 1,1%, како и транспортот, каде е евидентиран пад од 1,6%“, се вели во ставот на Министерството за економија и труд.

    Сепак, владината анализа на податоците од Државниот пазарен инспекторат открива сериозен јаз во начинот на кој се формираат цените во маркетите. Имено, во изминатата година од мај до мај, набавните цени на храната и производите за бебиња пораснале за 2,66%, но продажните цени во продавниците скокнале за двојно повеќе – односно за 4,56%.

    Ова значи дека дел од поскапувањето не се должи на реални економски трошоци, туку на фактот што трговците си ги напумпали бруто профитните маржи за скоро два процентни поени.

    • „Податоците укажуваат дека дел од растот на малопродажните цени не се должи само на повисоките набавни цени, туку и на зголемувањето на бруто профитните маржи. Анализата покажува дека во одредени случаи, и покрај намалувањето на набавните цени, не доаѓа до соодветно намалување на продажните цени, што резултира со повисоки маржи. Воедно, првичната анализа покажува и благо намалување на просечната бруто профитна маржа во периодот мај–јуни 2026 година за 0,18%, што претставува позитивен сигнал за постепена стабилизација на цените“, додаваат од ресорното министерство.

    Како реакција на ваквите пазарни аномалии, државните инспектори и понатаму ќе продолжат со редовно следење на движењето на цените и профитните маржи со цел навремено да се реагира доколку се утврдат нови нарушувања на пазарот и неоправдани поскапувања.

    Прочитај повеќе

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23

    Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани

    31.10.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.