Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години

    Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години

    07.07.2026 во 13:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем.

    Одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот на судските поротници, кои од денеска не учествуваат на дел од рочиштата поради незадоволство од висината на надоместоците, Камбовски рече дека одржал повеќе средби со нивните претставници и дека Судскиот совет во целост ги поддржал нивните клучни барања. Тој потсети дека со неодамнешните измени на Законот за судови е решено едно од барањата на поротниците, па така старосната граница за вршење на функцијата е зголемена од 60 на 67 години.

    Во однос на надоместоците, Камбовски посочи дека тие се уредуваат со правилник што го донесува министерот за правда и оти постојниот правилник е стар повеќе од 15 години.

    „Надоместокот од 570 до 670 денари не се исплаќа по рочиште, туку за цел ден. Судија-поротник може во текот на еден ден да присуствува и на десет судења, а да добие ист надоместок“, истакна Камбовски, оценувајќи дека износот не одговара на денешните економски услови.

    Тој информираше дека Судскиот совет во повеќе наврати се обратил до Министерството за правда и до Владата со барање прашањето да биде решено што е можно побрзо. Камбовски предупреди дека доколку не се подобрат условите, постои ризик да нема доволен број судии-поротници, иако нивното учество е задолжително во голем број судски постапки согласно процесните закони.

    „Државата треба да одлучи или ќе ја направи таа професија достоинствена и привлечна за луѓе да се јавуваат, или пак треба да се направи промени во законите и да се одлучи дали ни е потребно да имаме судии поротници. Доколку некој смета дека не ни се потребни, тогаш треба да се направат законски измени“, порача Камбовски.

    Претседателот на Судскиот совет изрази надеж дека новиот министер за правда ќе покаже разбирање за проблемот и дека наскоро ќе биде донесен нов правилник со кој судиите-поротници ќе добијат повисок и посоодветен надоместок.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.