Искористете ја саботата: Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, утрото свежо, а преку ден нешто потопло.

Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 29 степени, велат од УХМР.

 

03.09.2021 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега