Собранието потврди дека стасало известување за пензионирање на уставната судијка Добрила Кацарска
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 2 јули 2024 до претседателот на Собранието, доставил Известување дека и престанува судската функција поради пензионирање на Добрила Кацарска, судија на Уставниот суд на предлог на Судскиот совет од редот на судуиите.
-На 4 јули 2024 година претседателот на Собранието, со допис број 08-2/551, заради запознавање на пратениците, заедно со прилогот доставен со него Известувањето го достави до сите пратеници. Собранието согласно Уставот, Деловникот и законите работи и одлучува по конкретни предлози на акти, предлози за избор / именување или разрешување доставени од овластени предлагачи, информираат од Собранието.
Добрила Кацарска беше израна за судијка во Уставниот суд во 2020 година, а до неодамна беше и претседателка на Уставниот суд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа