Петрушевски: Коцевски нема никаква иницијативност, ниту желба да се подобрат работите во обвинителството

 

Коцевски требаше да му слугува на народот, а не на СДС, затоа треба да биде сменет, вели пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во партиското седиште. 

Спооред него, Коцевски со месеци не работел ништо, а од Обвинителството немало ниту иницијативност, ниту желба да се променат работите.

-ВМРО-ДПМНЕ имаше разбирање за Љупчо Коцевски со месеци, тргајќи од премисата дека можеби бил под притисок на СДС и од неговите зборови дека ќе почне беспоштедна борба против криминалот. Сега неколку месеци потоа е сосема јасно дека Коцевски од секогаш бил слуга на СДС. Со месеци Љупчо Коцевски не работи ништо. Нема никаква иницијативност, ниту желба да се подобрат работите во обвинителството. Народот со право е разочаран од правосудството, кога на чело на ЈО седеше Коцевски кој со месеци нема отворено еден предмет, а на скалите за мерење на корупција рушиме рекорди. Не може цел свет да гледа корупција и проблем во правосудството, само Љупчо Коцевски кој треба да се бори против истата никако да не ја види. На народот му е преку глава од изговори. Љупчо Коцевски доста беше. Одговорност има, вели Петрушевски.

15.02.2025 - 12:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега