(ФОТО) Скопските клиники добиваат нови директори


Шест скопски клиники добиваат нови директори.

Станува збор за Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје, Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и клиника за ревматологија.

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Алексиоска Папестиев завршила Медицински Факултет на УКИМ во 2006година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и Македонско Лекарско Друство. Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерства на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година. Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани Центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска. Паралелно со стрчното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент , а моментално е избрана за Професор. Член е на повеќе стручни меѓународни здруженија, а има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции. Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности. Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеќе академски учебници.

На директорското столче во Универзитетската клиника за дерматологија седнува Катерина Дамевска.

Дамевска дипломирала на Медицинскиот факултет во 1993 година, магистрирала во 2009 година, а докторирала во 2014та година Во моментот е вонреден професор на Катедрата по дерматовенерологијасо 25 годишно искуство на полето на детската дерматологија и дерматопатологија. Дамевска е главен истражувач во повеќе научни проекти, меѓу кои и проекти финансиски подржани од Европското здружение на дерматолози. Таа е автор и коавтор на 18 поглавија во книги и учебници публикувани во странство и 34 публикации во часописи со фактор на влијание. За нов директор на клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје е назначен и доктор Небојша Настов. А според биографијата завршил на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што во моментот е докторант на медицински науки. Своето работно искуство го започнува токму во клиниката за Хирушки болести, од 2014тата е назначен за раководител на оддел Трауматологија. Настов има добиено неколку признанија како што е 13 Ноемвриска награда за литература, орден за заслуги на Македонија, како 13 Ноемвриска награда за спортски лекар.

Игор Камшиковски е назначен за директор на универзитетската клиника за уво, нос и грло.

Камшиковски завршил Медицински факултет. А покрај своето долгогодишно работно искуство во здравството е и специјалист Оториноларинголог, хирург на глава и врат. Доктор Соња Николова е новата директорка на Универзитетскиот институт за радиологија. Николова основно и средно образование завршила во Стурмица, додека пак високо образование се стекнува на Медицинскиот факултет во Скопје. Николова во 2013тата година се стекнува со звањето специјалист по радиодијагностика, а хонорарно работела како лекар специјалист радиодијагностичар во Клиничката болница во Штип на одделот за КТ и МРИ невродијагностика и мускулно скелетна радиодијагностика. Вработена е на Универзитетскиот институт за радиологија од 2014тата година, а во 2023 година се стекнала со називот доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата.

Емилија Сандевска е назначена за директорка на Клиниката за ревматологија.

Сандевска завршила основно и средно медицинско училиште- отсек за медицински сестри. На Медицинскиот факултет се запишала во учебната дипломирала во 2004 година. Од 2007 година е вработена е во ЈЗУ Универзитетска клиника за ревматологија во Скопје. Специјализацијата по интерна медицина ја започнала во 2004 година, а ја завршила во март 2009 година, здобивајќи се со звањето специјалист интернист.Во 2015 година е избрана за асистент докторанд. А во 2019 година ја одбранила својата докторска дисертација.

04.07.2024 - 18:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега