Хрватски епидемиолог се изјасни: „Јас не би ги попуштал мерките ни после 15. февруари“

Епидемиологот и член на научниот совет на Владата на Хрватска, Бранко Колариќ изјавил денеска дека не би ги попуштал значајно епидемиолошките мерки после 15. февруари, зата што досега покажале дека имаат ефект во сузбивањето на ширењето на вирусот.

„Скептичен сум за некои поголеми попуштања поради брзоширечкиот сој кој се јавува во се поголеми делови на Европа“, рекол Колариќ за ХРТ.

На прашањето за вакцината на АстраЗенека и на констатацијата дека се уште е нпознато колкав е нејзиниот ефект кај вакцинацијата на постарите од 65 години, Колариќ истакнал дека е сјајна вест тоа што уште една вакцина е достапна во Хрватска и дека граѓаните се советуваат да не ја одбиваат вакцината.

„Многу е поважно да се вакцинираат сега, отколку да се чека три месеци и да се разболат. Разликата во ефикасноста на вакцините е релативно мала“, тврди епидемиологот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2021 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега