Хрватска: Приведена 22-годишна мајка под сомнение дека го убила своето новороденче

22-годишна млада мајка е уапсена во Хрватска под сомнение дека го убила своето новороденче.

Од државното обвинителство потврдија дека покренале истрага.

Истрагата во саботата ја спровел дежурниот заменик жупански државен обвинител во Жупаниското државно обвинителство во Загреб со инспектори од Полициската управа на Крапина-Загорје. Откако го пронашле телото на бебето, се посомневале дека се работи за кривично дело и продолжиле да го истражуваат случајот за да се утврдат сите околности, пишува „Н1 Загреб“.

Ден подоцна против 22-годишната жена е поднесена кривична пријава со која се товари за тешко убиство на новороденчето.

„Откако била сослушана, против неа било донесено решение за спроведување истрага“, наведува жупаниското државно обвинителство во Загреб.

Тие потоа побарале од судијата на Жупанискиот суд во Загреб да и одреди притвор на 22-годишната жена за да не влијае врз сведоците и да не го повтори делото. Притоа, тие исто така сметале дека за ова кривично дело има особено тешки околности, па затоа и поради таа причина е побаран притвор.

01.07.2024 - 16:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега