Издадено предупредување за силно невреме во Грција

По продолжениот топлотен бран, Грција во следните два дена ќе се соочи со силно невреме, кое ќе биде придружено со силен дожд, грмежи и град, соопшти Националната метеоролошка служба.

Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови во Грција

Исто така, беше посочено дека најинтензивно невреме се очекува в четврток и дека невреме ќе има во претежно планинските предели во централниот и северниот регион.

Температурата само малку ќе опадне и ќе се движи околу 30 степени. Западно-северозападен ветер со исклучителен интензитет се очекува на Јонското Море.

В четврток невремето ќе стигне до северниот дел на Егејското Море и кон копното на Грција. Подрачјата што ќе бидат зафатени се: Тракија, Халкидик, Тесалија, Споради, Стерија, Пенелопез и Евија.

На наведените места се очекува драстичен пад на температурите.

Предупредување за невреме е издадено и во Атика и Беотија.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат внимателни и да ги преземат сите заштитни мерки. Посебно предупредување има за областите во кои се очекуваат обилни врнежи, бури и силен ветер.

Од петок се очекува разведрување и враќање на реалните летни температури, кои се очекуваат за викендот.

03.07.2024 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега