Сведок: Судски го известил Собранието дека Кацарска може да го изгуби статусот уставен судија
Судскиот совет испратил известување до Собранието на Република Македонија, судијката на Уставниот суд Добрила Кацарска дека може да го изгуби статусот на Уставен судија, бидејќи веќе е пензионирана и со тоа се нарушува уставниот баланс, Судскиот совет да предлага двајца судии во Уставниот суд, пишува Сведок.мк.
Дали Добрила Кацарска ќе биде разрешена треба одлучи Собранието, на кого му е посочена судска пракса од одлуки на Управниот суд, каде што судии, членови на Судскиот совет тужеа затоа што предвреме им беше прекинат мандатот од 6 години, само затоа што наполниле 64 години, се пензионирале и на тој начин го изгубиле статусот на активен судија. Оттука, ако важи за нив, принципот треба да важи и за Кацарска.
Управниот суд зазел став, што беше интенција и на законот, дека не може судија кој е веќе пензиониран да биде член на Судскиот совет, бидејќи тој потекнува односно се избира од редот на активните судии. Па, оттаму, штом нема мандат како судија, не може да врши ни функција на која бил избран како судија.
Оваа дилема се отвори во Судскиот совет со пензионирањето на Гордана Спиреска, Киро Здравев и Зоран Теофиловски, а Кацарска тогаш од позиција на судија се „истакна“ со правно толкување дека тие треба да го довршат мандатот, независно што се пензионирани.
Тие кои беа пензионирани тужеа, но во сите 4 случаи Управниот суд ги одби тужбите и прифати дека не може да продолжи функцијата, а ко се изгуби статусот на судија.
Сега истото е и со Добрила Кацарска, која е веќе пензионер, па нарушен е балансот во Уставен да има двајца активни судии, по предлог на Судскиот совет, биејќи сега има само еден, екс стечајната судијка Елизабета Дуковска, која за една година треба да замине во пензија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа