Три противпожарни возила во акција: Гори стан во Скопје

Гори стан во зграда кај старо матично во Скопје. Три пожарни се упатија кон местото на настанот. Информацијата за Прес24 ја потврдија од Центарот за управување со кризи.

„Од 112 добиена е пријава дека има пожар во стан на посочената адреса. Локација: Улица Виа Игнација 8, Скопје. Известени се екипа од БППЗ на Град Скопје“, информираат од ЦУК. 

Се уште нема информации за евентуални повредени или мртви лица. Повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта.

02.07.2024 - 20:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега