Приватните превозници со предупредување: До петок ќе возат само до 10 часот изутрина
Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.
Како што велат, од јануари годинава, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени пари за услугата што ја даваат.
Дел од нив имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и кој им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.
- До петок ќе возиме само до 10 часот наутро, а потоа ќе решиме што ќе правиме, изјави за МИА Оливер Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа