Петрушевски: Се става крај на лицата во правосудството кои работат под политички диктат
Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се коренити реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судство да е растоварено од политички влијанија. Функционирањето на Кацарска и Трпков судството во сојузништво со партиските послушници на СДС и ДУИ обвинителите, Коцевски и Рускоска е поразително за Македонија, посочи Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Кацарска, Трпков, Коцевски, Рускоска и останатите кои не постапувале по предметите, ги одолговлекувале постапките, или неоправдано се откажувале од кривично гонење се одговорни за лошата слика на судскиот систем. Извештајот на Транспаренси каде Македонија има пад од 12 места на светскиот индекс на корупција потврдува дека токму ваквото правосудство е најслабиот столб во општеството. Кацарска, Трпков, Коцевски, и Рускоска се директно одговорни за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Тие се одговорни за распространетоста на корупцијата во пандемски размери, за раст на криминалот и недовербата на граѓаните во судскиот систем која е само 2 проценти. Неказнивоста, недостатокот на навремен и ефикасен институционален одговор, “заборавените“ предмети, и не постапување по наводите за криминал на Кацарска судството се само дел од причините за продлабочување на недовербата во судскиот систем, рече тој.
Петрушевски посочи дека Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал.
-За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас. Кацарска и Трпков пак се синоним за контрола на судството под диригентската палка на СДС. Тие си играа со судбините на луѓето од случајот за 27 април. Мора да постои одговорност. Се става крај на лицата во правосудството кои работат под политички диктат. Владеење на правото како институт е неопходно и треба да заживее во Македонија, посочи тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа