Грковска: Фокусирани сме на борбата против неформалната економија

Сивата економија го поткопува интегритетот на целиот наш даночен систем, поради тоа заеднички сме фокусирани на борбата против неформалната економија, против корупцијата и еднаква примена на законите за сите субјекти и граѓани, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на денешната онлајн конференција „Неформалната економија – причини, предизвици и потенцијални решенија“, во организација на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ и УНДП.

Говорејќи за предизвиците што ги носи неформалната економија, Грковска посочи дека скриената економија е комплексен феномен и токму поради тоа, сузбивањето бара сериозен и темелен пристап, како и креирање сериозни мерки и политики со кои ќе се искорени оваа појава.

Вицепремиерката нагласи дека како негативна општествена појава, неформалната економија претставува значаен предизвик и горчлив проблем за сите држави.

01.06.2022 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега